spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаБитиќи: Општествената одговорност носи шанса за развој и подобра иднина на младите

Битиќи: Општествената одговорност носи шанса за развој и подобра иднина на младите

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на настан за доделување на стипендии за додипломски студии во организација на фондацијата „Албиз“. Во продолжение ви го праќаме интегралното обраќање:

„Добро вечер, почитувани присутни, успешни бизнисмени кои вечерва се појавувате како филантропи, а посебно сакам да ги поздравам студентите кои вечерва се со нас, затоа што се работи за најдобрите, кои најверојатно утре ќе бидат носители на општествените и економските процеси во државата.

Настанот за кој се собравме вечерва, доделување на стипендии за студенти, ја истакнува филантропијата на нашите бизнисмени, која е позната и како „Општествена одговорност на корпорациите“, за која особено сакам да зборувам.

Покрај зголемувањето на репутацијата на компаниите, Општествената одговорност на корпорациите и помага на заедницата да добие квалитетно образование, кое денес претставува главната алатка во борбата против сиромаштијата, правејќи ги луѓето способни за пазарот на трудот. Тоа најдобро ја илустрира синтагмата „да ги научиш младите да рибарат, а не само да им дадеш готова риба“.

Почитувани, ова не може да се адресира на само една страна, на бизнисите или само на Владата, бидејќи тоа е процес кој бара заедничко партнерско делување, а ние не бегаме од нашите обврски за да создадеме услови за квалитетно образование.

Република Северна Македонија внимателно ги следи меѓународните трендови заедно со Агендата 2030 каде, меѓу другото, филантропијата е еден од клучните механизми за поттикнување на развојот, па со измените на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, ќе бидат овозможени даночни олеснувања за донации од компании.

Доделувањето на стипендии кое „Албиз“ го прави веќе цела деценија е за секоја пофалба, а впечатлива бројка е бројот од 175 на студенти кои годинава ќе бидат стипендирани. Стипендираните студенти се со различна етничка припадност, што создава еднакво општество за сите, општество на солидарност кое интегрира и нуди можности.

Апелирам дуалното образование да биде клучот на нашиот процес на учење, бидејќи ова е проблематика која не можеме да ја адресираме само од една страна.  Денес, бизнисмените се жалат дека огромното мнозинство од невработените во Северна Македонија немаат соодветни квалификации и како такви не се конкурентни на пазарот на труд, затоа велам дека нашите планови за реформа на образовниот систем преку воведување на дуално образование за создавање поподготвени кадар во иднина, не може да се направи без ваше вклучување во процесот.

Преку дуалното образование, студентите добиваат реална пракса во компаниите, додека паралелно посетуваат и стручно училиште или факултет, ова почитувани присутни, ги развива практичните вештини што ги барате како работодавач, она што Германија или Швајцарија долго време го спроведуваат како образовен модел, па зошто да не научиме од најдобрите.

Денеска можеме да ги поставиме темелите на општествената одговорност чии плодови ќе ги уживаат идните генерации, што всушност е наша обврска кон нив.“

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...