Во канцелариите на Агенцијата за земјоделски и рурален развој во Република Албанија остваривме средба на која бевме пречекани од генералната директорка, Г-ѓа. Еранда Селманај и нивниот персонал, каде што разговаравме за финализирање на апликацијата на проектот ИПА CPC (прекугранична соработка), кој ќе послужи за подобрување на условите, инфраструктурата и логистиката на двете институции, како и на три прекугранични општини, кои ќе имаат бенефит со креирање на информативни центри за земјоделците или бизнисите, како и можностите за размена на информации и знаење меѓу двете земји.
Соработката ќе продолжи со потпишување на договорот меѓу агенциите со цел зајакнување на меѓуинституционалната соработка во корист на земјоделството и руралниот развој.
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој