Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски оствари средба со управата и фудбалерите од ФК Волково Ѓ.П на која стана збор за тековните случувања во клубот, како и за проблемите со кои се соочуваат при функционирањето.
Наш заеднички императив е фудбалскиот клуб Волково да биде финансиски стабилен и теренот на кој што тренираат да биде во добра состојба, се со цел непречено да напредуваат. Во моментов заеднички работиме на издржано решение кое ќе овозможи континуиран напредок на клубот и финансиска стабилност на долг рок – изјави Стојкоски.
Спортот, како што додаде, останува приоритет на Општина Ѓорче Петров.
Извор: Општина Ѓорче Петров