spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Стојкоски на средба со управата на ФК Волково Ѓ.П

Ѓорче Петров: Стојкоски на средба со управата на ФК Волково Ѓ.П

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски оствари средба со управата и фудбалерите од ФК Волково Ѓ.П на која стана збор за тековните случувања во клубот, како и за проблемите со кои се соочуваат при функционирањето.

Наш заеднички императив е фудбалскиот клуб Волково да биде финансиски стабилен и теренот на кој што тренираат да биде во добра состојба, се со цел непречено да напредуваат. Во моментов заеднички работиме на издржано решение кое ќе овозможи континуиран напредок на клубот и финансиска стабилност на долг рок – изјави Стојкоски.

Спортот, како што додаде, останува приоритет на Општина Ѓорче Петров.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...