Почитувани граѓани,
Општина Карпош во периодот на месец март и април ќе реализира *Проектен Форум во заедницата*, кој има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, да се подобрат партнерства помеѓу локалните субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.
Форумот во заедницата е дел од компонента на проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој општината го реализира во партнерство и со финанасиска подршка на Швајцарската влада (преку Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC), Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.
Форумскиот процес ќе се реализира низ циклус од 4+1 форумски сесии, во зградата на основното училиште „Лазо Трповски“ кое се наоѓа на ул. Радика, бр. 9 (Карпош III), Скопје, со почеток во 18:00 часот.
- I-ва форумска сесија, 01.03.2023 год. (среда);
- II-ра форумска сесија, 03.2023 год. (среда)
- III-та форумска сесија, 04.2023 год. (среда)
- IV–та форумска сесија, 04.2023 год. (среда)
- V-та форумска сесија, декември 2023 (среда)
Форумскиот процес е отворен за сите граѓани, кои сами ќе одлучуваат за изборот на темата, проектните идеи и предлог проектите, кои ќе се реализираат со овој проект, а воедно ќе бидат земени в предвид и во понатамошните општински активности.
Преку проектот „Форуми во заедницата“ жителите на општина Карпош ќе одлучат кои се приоритетите за развој на општината и кои активности може да се спроведат за подобрување на состојбата на локалната заедница. Проектите ќе се финансираат од буџет од 50 илјади долари (мин.1 – макс. 3 приоритетни проекти) од кои 20% се обезбедени од општината.
Форумот има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво и низ еден широко транспарентен начин да обезбеди родово одговорна алокација на буџетските средства, водејќи сметка за различните потреби и приоритети на граѓаните и граѓанките.
Како дел од нашата определба за транспарентно, отчетно, законито и инклузивно практикување на локалната власт, одлучивме да го практикуваме форумот како една од најефикасните и ефективни форми на непосредно, директно граѓанско учество во одлучувачките процеси во локалната заедница, бидејќи никој подобро од Вас граѓаните/ките не ги познава вашите проблеми, потреби и приоритети.
На Форумот во заедницата може да учествуваат сите заинтересирани граѓани.
Извор: Општина Карпош