spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Јавен повик за 1 обучувач за спроведување на 3 ...

НАЕОП: Јавен повик за 1 обучувач за спроведување на 3 модули на обуки за волонтери и носители на ознака за квалитет од програмата европски солидарен корпус

Врз основа на Решение број 21-265/2 од 20.02.2023 Национална агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА 1 (ЕДЕН) ОБУЧУВАЧ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА 3 (ТРИ) МОДУЛИ НА ОБУКИ ЗА ВОЛОНТЕРИ И НОСИТЕЛИ НА ОЗНАКА ЗА КВАЛИТЕТ ОД ПРОГРАМАТА ЕВРОПСКИ СОЛИДАРЕН КОРПУС (ЕСК)

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност  (Национална агенција) согласно Циклусот за обука и евалуација на програмата Европски солидарен корпус (ЕСК) објавува Јавен повик за ангажирање на 1 (еден) обучувач за спроведување на  3 (три) модули на обуки за волонтери и носители на ознака за квалитет од програмата Европски солидарен корпус (ЕСК).

Процесот на обезбедување на обука за тековни волонтери и евалуација во рамките на програмата Европскиот солидарен корпус има за цел да обезбеди континуирана поддршка на волонтерите за време на реализација на тековните волонтерски активности. Освен поддршката на волонтерите системот на обуки овозможува континуирана поддршка на организациите носители на Ознака за квалитет за непречено имплементирање на проектите, почитување на основните начела и правила за работа со волонтери и зголемување на квалитетот тековните и идни волонтерски проекти.

Националната агенција го објавува овој Јавен повик за Обучувач за спроведување на обуки за волонтери и носители на Ознака за квалитет од програмата Европски солидарен корпус (ЕСК) кој ќе биде одговорен за спроведување на 3 модули на обуки:

1. Обука при пристигнување (On-arrival training)
2. Среднорочна евалуација (Mid-term evaluation)
3. Обука за организации со Ознака за квалитет.

Работен јазик на обуките е англиски јазик.

Делокруг на работа на Обучувачот
Обучувачот ќе ги спроведе следните задачи:
• Креирање на 3 модули на обука (по еден за секој вид на обука).
• Креирање на методологија за реализација на обуките.
• Подготовка на план за потребни ресурси за реализација на секој модул на обука ;
• Реализација на 3 модули на обуки:
(1) Обука при пристигнување,
(2) Среднорочна евалуација и
(3) Обука за организации со Ознака за квалитет;
• Избор на датуми за обуките во координација со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ;
• Подготовка на методологија за евалуација на секоја обука и анализа на истата.
• Подготовка на детален извештај за спроведените обуки во рок од 15 календарски денови од датумот на одржување на секоја обука.
• Технички совети и поддршка за учесниците за време на обуките;

Критериуми за аплицирање
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
• Апликантот да биде регистиран обучувач во базата на SALTO YOUTH;
• Државјанин на Република Северна Македонија или државјанин на друга ЕУ држава
• Апликантот да има минимум три годишно искуство во спроведување на обуки за волонтери (Обука при пристигнување (On-arrival training); Среднорочна евалуација (Mid-term evaluation); Обука за организации со Ознака за квалитет);
• Активно познавање на англиски јазик (работен јазик при реализација на обуките за волонтери и поднесување на Извештај до Националната агенција);
• Препораки од друга/и Национални агенции каде има реализирано обуки за волонтери.
• Согласност дека ќе биде достапен за реализација на обуките на датуми кои ќе бидат одредени од Националната агенција.

Потребни документи за аплицирање
Кандидати кои ќе аплицираат потребно е да ја достават следната документација:
• Кратка биографија (Curriculum Vitae) – европски образец;
• Писмо за мотивација;
• Методологија за работа;
• Доказ за активно познавање на англиски јазик;
• Минимум две препораки.

Националната агенција со избраниот обучувач ќе склучи договор за период од 1 (една) година во кој ќе се утврдат правата и работите обврски и надоместокот за извршените обврски.

Начин на аплицирање
Пријавата со потребната документација треба да се достави на следната е-пошта info@na.org.mk со наслов на е-поштата: Апликација за обучувач, со краен рок на аплицирање до  02.03.2023  година, до 16.00 часот.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации.

Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на Обучувач за спроведување на  3 (три) модули на обуки за волонтери и носители на ознака за квалитет од програмата Европски солидарен корпус (ЕСК) и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

———–

PUBLIC CALL FOR THE HIRING OF 1 (ONE) TRAINER TO IMPLEMENT 3 (THREE) TRAINING MODULES FOR VOLUNTEERS AND QUALITY LABEL HOLDERS OF THE EUROPEAN SOLIDARITY CORPS (ESC) PROGRAMME

 

The National Agency for European Educational Programmes and Mobility (National Agency) following the Training and Evaluation Cycle of the European Solidarity Corps (ESC) programme publishes a Public Call for hiring 1 (one) trainer to implement 3 (three) training modules for volunteers and Quality Label holders of the European Solidarity Corps (ESC) programme.

 

The process of providing training for current volunteers and evaluation within the European Solidarity Corps programme aims to provide continuous support to volunteers during the implementation of current volunteer activities. Apart from the support of the volunteers, the training system provides continuous support to the organizations holding the Quality Label for the smooth implementation of the projects, respect for the basic principles and rules for working with volunteers, and increasing the quality of current and future volunteer projects.

 

The National Agency publishes this Public Call for a Trainer to conduct training for volunteers and Quality Label holders of the European Solidarity Corps (ESC) programme who will be responsible for conducting 3 training modules:

 

  1. On-arrival training;
  2. Mid-term evaluation;
  3. Training for organizations with a Quality Label.

 

The working language of the training is English.

 

Scope of work of the Trainer

The trainer will carry out the following tasks:

  • Creation of 3 training modules (one for each type of training);
  • Creation of a methodology for the realization of the training;
  • Preparation of a plan for necessary resources for the implementation of each training module;
  • Realization of 3 training modules;

(1) On-arrival training

(2) Mid-term evaluation and

(3) Training for organizations with a Quality Label

  • Selection of training dates in coordination with the National Agency for European Educational Programmes and Mobility;
  • Preparation of a methodology for the evaluation of each training and its analysis;
  • Preparation of a detailed report on the conducted training within 15 calendar days from the date of holding each training;
  • Technical advice and support for participants during the training.

 

Application criteria

Candidates should meet the following criteria:

  • The applicant must be a registered trainer in the SALTO YOUTH database;
  • A citizen of the Republic of North Macedonia or a citizen of another EU country;
  • The applicant must have at least three years of experience in conducting training for volunteers (On-arrival training; Mid-term evaluation; Training for organizations with a Quality Label);
  • Active knowledge of the English language (working language during the realization of the training for volunteers and submission of the Report to the National Agency);
  • Recommendations from other National Agencies where training for volunteers has been carried out;
  • Agreement that he will be available for the implementation of the training on dates that will be determined by the National Agency.

 

Required documents for application

Candidates who will apply need to submit the following documentation:

  • Short biography (Curriculum Vitae) – European template;
  • Motivation letter;
  • Work methodology;
  • Proof of active knowledge of the English language;
  • At least two recommendations.

 

The national agency will conclude an agreement with the selected trainer for a period of 1 (one) year, in which the rights and obligations and the compensation for the performed obligations will be determined.

 

Method of application

The application with the necessary documentation should be submitted to the following e-mail info@na.org.mk with the title of the e-mail: Application for a trainer, with an application deadline of 02.03.2023, until 4:00 PM.

 

Candidates should fulfil the conditions specified in the Call at the time of application. Untimely and incomplete applications will not be considered by the Commission for reviewing and evaluating received applications.

 

General measures to prevent corruption

The National Agency for European Educational Programmes and Mobility, in the procedure of the selection of a Trainer for the implementation of 3 (three) training modules for volunteers and Quality label holders of the European Solidarity Corps (ESC) programme and during the execution of the contract, will undertake all necessary measures in order to promptly detect corruption and remove or reduce its harmful consequences.

If there is a well-founded suspicion regarding corruption in the procedure, you can report it to the following e-mails: ukazuvaci@na.org.mk  and nepravilnosti@na.org.mk.

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

0
Активностите за реконструкција на улица “Васко Карангелески” и улица “Илинденска”, кои се наоѓаат во централното подрачје на градот, се во завршна фаза.     ...