spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Директорот одржа работен состанок со здружението Анима мунди

АХВ: Директорот одржа работен состанок со здружението Анима мунди

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски одржа работен состанок со претставници на здружението за заштита на животните Анима мунди.

 

На состанокот се разговараше за актуелни прашања за состојбата со бездомни животни во општините, а плодна дискусија се разви и за новините за заштита и благосостојба на животните предвидени во измените и дополнувањата на Законот за заштита и благосостојба на животните кој е во фаза на донесување и  во кој, како што истакна директорот Бабовски се содржани новини кои се во насока на ставање под контрола на популацијата бездомни кучиња во градовите.

Презентирани беа новините во новото законско решение за заштита и благосостојба на животните кое се однесува на регистрирање на одгледувачи/одгледувачници и другите предложени  новини кои се во насока на подобрување на одговорното сопствеништво на домашните миленици, а со цел намалување на бројот на бездомни кучиња. Како што беше истакнато, во новиот Закон кој треба да биде донесен, се забранува неконтролираното размножување, продажбата на кучиња и мачки во продавници за домашни миленици, како и продажба на домашни миленици на малолетни лица.

Новините во предложените измени и дополнувања на постоечкото законско решение за заштита и благосостојба на животните што се однесува до бездомните кучиња, во прв ред се однесуваат на решавањето на проблемот со бездомните животни и подобрување на одговорното сопствеништво во земјава, за што, е неминовна соработка меѓу институциите, невладините организации и локалните самоуправи.

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте