spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Дефиниран Заедничкиот работен план 2023 година со агенциите на ОН за...

МЖСПП: Дефиниран Заедничкиот работен план 2023 година со агенциите на ОН за поддршка на одржливиот развој во нашата држава

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска присуствуваше на Третиот состанок на Заедничкиот управен комитет на ОН и РСМ, каде ги презентираше ставовите на МЖСПП во однос на постигнатите резултати и правците за соработка во делот животна средина во однос на Заедничкиот работен план 2023 од Рамката за соработка за одржлив развој на Република Северна Македонија и Обединетите нации 2021-2025 година.UN_Zamenik minister

Со Заедничкиот управен комитет копретседаваа заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки и постојаната координаторка на Обединетите Нации во Република Северна Македонија, Росана Дуџијак. Како области на соработка во Заедничкиот оперативен план за 2023 г. во делот животна средина дефинирани се активностите во обласите: климатските промени, управување со природните ресурси, намалување на загадувањето на воздухот, намалувањето на ризикот од катастрофи, отпад и тоа чистење на опасниот отпад, управување со отпадните води и цврстиот отпад. За имплеманетација на мерките процентиот буџет изнесува 23,4 милиони американски долари.

„Во областа животна средина и покрај тоа што тековните глобални кризи што следеа една по друга делумно го изместија фокусот од климатските промени, сепак отворија и многу други можности, особено во правец на креирање мерки и преземање итни акции за адаптација, забрзување на зелената транзиција и ориентација кон поитензивно користење на обновливи извори на енергија“ истакна Оџаклиеска во обраќањето.

Во однос на климатските промени, Оџаклиеска нагласи дека сме активно насочени кон донесување на квалитетен и применлив Закон за климатска акција кој веќе е во напредна фаза. При тоа истакна дека ќе ни биде потребна силна поддршка за спроведувањето на зајакнатиот Национален утврден придонес, како и во пристапот до финансии преку Зелениот финансиски фонд и Зелениот климатски фонд. Од особена важност, сопред неа е искористување на потенцијалот на младите за моделирање иновативни решенија погодни за климата, развивање на платформа за чисти технологии и иновативна платформа за зелени работни места.

„Потребна е интеграција на климатските промени во националните образовни политики и наставни програми, градење на зелени навики кај општата јавност како и мултисекторската отпорност на климатските промени, пред се во земјоделието, енергетиката и управувањето со отпадот“ рече Оџаклиеска.

Во однос на заштита на природните вредности, Оџаклиеска истакна дека во изминатата година се постигнати видни резултати во зголемувањето на површината на заштитетни подрачја која достигна 13,9%, но сеуште останува предизвикот на воспоставување на нивно одржливо управување за што секако очекуваме поддршка и експертска и финансиска помош.UN_Zamenik minister_2

Таа го спомена и чистењето на историски опасниот отпад во малата депонија во Охис чија реализација започна со поддршка на УНИДО, а продолжува со УНОПС.

Заначајна е поддршката и во справувањето со квалитетот на амбиенталниот воздух како еден од најгорливите проблеми особено во време на грејната сезона.

„ Како и да е сметам дека имаме добри усогласени планови со кои ќе ја добиеме потребната меѓународна поддршка, ќе се олесни пристапот до финансиски извори и ќе се постигне поврзување на сите релевантни субјекти и интегриран пристап во постигнувањето на поставените цели.UN_Zamenik minister_3

Создавањето политички врски на високо ниво, помирувањето на општествата преку стимулирање на младинска размена и образовни проекти и решавање на отворените прашања, истовремено обезбедувајќи учество на граѓанското општество во целиот процес, се исто така исклучително важни аспекти на оваа иницијатива“ рече Оџаклиеска.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте