Акцијата, која беше спроведена во општина Богданци од 13.02 до 17.02.2023 година за собирање на помош за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија, наиде на силен одѕив кај граѓаните и компаниите кои несебично донираа и уште еднаш ја искажаа својата солидарност.
Акција за собирање на пакети со храна, средства за хигиена и други материјални добра беше организирана и во СОУ „Богданци“, ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково и Детската Градинка „Коста Поп Ристов Делчев“. Денес, сите собрани пакети беа предадени на Црвен Крст ОО Гевгелија.
Советот на општина Богданци на својата 25-та седница донесе Одлука за доделување на парична помош за настраданото население во износ од 150 000 денари, кои ќе бидат уплатени на сметка на Фондот за солидарност на Црвен Крст на РСМ.
Упатуваме голема благодарност до сите добродетели, кои уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност.
Извор: Општина Богданци