spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Хусејин - Дизајнираме мерки за поддршка на граѓаните за справување со...

МТСП: Хусејин – Дизајнираме мерки за поддршка на граѓаните за справување со енергетската криза

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин заедно со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани учествуваа на презентацијата на студијата „Ефектите на кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија” изработена од Finance Think во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Во своето обраќање, заменик министерот Хусејин потенцираше дека: „Сега, во ек на економски криза и најавена криза за храна, повторно сме исправени пред уште еден предизик со кој треба го најдеме и спроведеме најдоброто решение и да обезбедиме заштита за сите”.

Пред присутните заменикот Хусејин информираше за активностите кои што Министерството за труд и социјална политика ги спроведе изминатиот период.

„Јa зголемивме висината на посебниот додаток за 15% за сите три подвидови на корисници! Дополнително, во месец јануари се направи усогласување на правата од социјална и детска заштита со трошоците за живот. Корисниците на правата со исплата за месец јануари добија за 14.2 % повисоки исплати”, рече Хусејин и дополни: „Финансиската поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза, веќе се исплаќа три месеци, а во месец март ќе биде реализирана и четвртата исплата. Согласно овој Закон право на финансиска поддршка добиваат:

  • над 36.000 корисници на право на социјална сигурност на стари лица, корисници на посебен додаток,на правото на надоместок заради попреченост,со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, на месечно ниво четири месеци.
  • над 130.000 корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари и корисници на право на надоместок за телесно оштетување и
  • над 5000 и корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.

Покрај овие мерки претходно, исплативме по 3000 денари парична поддршка за сите 330.000 пензионери и околу 36.000 корисници на правото на гарантирана минимална помош”.

 

На крајот од своето обраќање, заменикот истакна дека покрај директната помош и поддршка, паралелно продолжува да се шири и мрежата на даватели на услуги особено за услугата на индивидуален третман за децата со попреченост.

Исто така, заменик министерот информираше дека во завршна фаза е Националната стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030, а исто така и Законот за социјални претпријатија кој ќе биде директен одговор на намалување на сиромаштијата и зголемување на вклученоста и активацијата на социјално исклучените и ранливи лица во нашата држава.

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте