spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Меѓу првите институции од Македонија како дел од европските проекти

Илинден: Меѓу првите институции од Македонија како дел од европските проекти

Општина Илинден е една од првите институции од регионот која стана дел од европскиот проект “Зелени микро акредитиви: Долгорочна надградба и зајакнување на вештините на нискоквалификувани возрасни лица”.

 

Проектот кој е дел од програмата Еразмус, започна да се спроведува од денес, при што се одржа првата меѓународна средба на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

Проектот Green Micro Credentials ќе обезбеди патишта за надградба на нискоквалификувани возрасни лица за да добијат еднаков пристап до пазарот на труд и ќе поддржи праведна транзиција кон економијата со ниска јаглеродна енергија.

 

Проектот ќе развие флексибилен и инклузивен пристап за учење и настава за поддршка на возрасните ученици со ниска вештина со цел да стекнат работни релевантни вештини за зелената елокономија.

Како што истакна градоначалникот Георгиевски, со цел поголема афирмација на општината преку промоција на нашите позитивни вредности во меѓународни рамки и европски практики, но исто така и пристапот на размена на искуства преку продолжување и проширување на соработката со општини и организации од европските земји, можеме да ја приближиме Општина Илинден до европскиот животен стандард, а со тоа и да го подобриме и Локалниот економски развој.

Проектот ќе се имплементира од страна на 15 организации и институции во 6 различни земји од Европа.

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...