spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниМЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска на Скопскиот економски форум

МЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска на Скопскиот економски форум

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска имаше свое обраќање во сегментот „Нови регионални енергетски насоки“, дел од вториот Економски форум, кој вчера се одржува во Скопје.

 

– Странските инвестиции не само што помагаат да се забрза економскиот развој и отвараат нови можности за вработување, туку истовремено овозможуваат и други бенефити, како транзиција кон зелена технологија, имплементација на најновите иновативни пристапи и постигнување на приоритетите за зелен развој – изјави  Оџаклиеска на Форумот.

IMG_20230301_161301

Според неа, економската и енергетската криза со која светот денес се соочува покажа колку е важно државата да има сопствени и одржливи извори на енергија и да биде економски стабилна, што  значително ги засили амбициите на РСМ во однос на зелената транзиција, особено во контекст на Зелената агенда за Западен Балкан.

– Координирањето и усогласувањето на нашите национални напори со оние од регионот е екстремно важно. Ако сакаме да стигнеме далеку, мора заедно да делуваме – додаде заменик министерката Оџаклиеска.

IMG_20230301_161320

Настанот е во организација на Економскиот Форум од Делфи и на Грчката бизнис асоцијација во Северна Македонија, во партнерство и соработка со домашните компании, а негова цел е идентификување и проценка на клучните предизвици за раст, учење од искуствата на другите земји, поддршка на усвојувањето на практики за корпоративна социјална иновација во приватниот сектор и идентификување на насоки на политичко дејствување за создавање на конкурентни и инклузивни економии во Северна Македонија и Југоисточна Европа.

На маргините на настанот заменик министерката Оџаклиеска оставари средба со премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ на која разговараа за значењето на имплементацијата за Зелената Агенда во Западаен Балкан.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

МТ: Николовски – Нема да дозволиме ПОШТА да колабира поради приватни...

0
Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот Николоски во поткастот...