Министерот за економија Крешник Бектеши оствари билатерална средба со министерот за енергетика на Украина, Герман Галушченко во рамки на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC) кој што се одржува во Загреб. На состанокот присуствуваше и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски
Двајцата министери разговараа за актуелни прашања за билатералната енергетска соработка, како и за градење на регионалната коалиција за енергетска безбедност наспроти тековната руска воена агресија против Украина.
Министерот Бектеши истакна дека Северна Македонија целосно ги поддржа сите сакнции на Европската унија против Русија и ќе ги поддржи сите санкции кои ќе бидат превземени во иднина. Ние како држава даваме целосна поддршка за Украина и воено и финансиски, но и во енергетскиот дел.
“Ние ја даваме целата поддршка која е потребна за возобнување на енергетскиот систем на Украина. Северна Македонија согласно можностите ќе учествува во сите напори за реконструкција на енергстскиот сектор на Украина. Ние сме на ваша страна” кажа министерот Бектеши на средбата со неговиот украински колега.
Извор: Министерство за економија