HomeМинистерстваМЕ: Преку размена на искуства во енергетскиот сектор ќе се зголеми соработката...

МЕ: Преку размена на искуства во енергетскиот сектор ќе се зголеми соработката помеѓу двете земји

spot_img
spot_img

Министерот за економија Крешник Бектеши завчера оствари билатерална средба со министерот за економија и одржлив Развој на Хрватска, Давор Филиповиќ во рамки на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC) кој што се одржува во Загреб. На состанокот присуствуваа и генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски и генералниот директор на НОМА Гас Бајрам Реџепи.

На средбата министрите разговараа за билатералната соработка помеѓу двете земји и можноста истата да се зголеми во иднина. Тема на разговор беа и мерките кои ги превземаат двете земји во справување со енергетската и ценовната криза со која што се соочува целиот европски континент, како и за инвестиции во обновливи извори на енергија.

Министерот Бектеши кажа дека во процесот на трансформација на енергетскиот систем во Северна Македонија кој се случува во моментов, Хрватска ја гледаме како земја од која може да ги користиме искуствата во делот на складирање на електрична енергија од обновливи извори на енергија, од Законот за инфраструктура за зелена енергија како и искуствата кои ги имаат во делот на воспоставување на Фонд за енергетска ефикасност и одржлив развој.

Министерот Бектеши истакна дека во реформскиот процес во Северна Македонија  честопати се земени предвид позитивните примери и реформи во Хрватска, кои се покажале како успешни и се воспоставени многу соработки со Хрватска.

 

 

Извор: Министерство за економија 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија