spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Хусејин - Безбедноста и здравјето при работа е еден од суштинските...

МТСП: Хусејин – Безбедноста и здравјето при работа е еден од суштинските елементи за создавањето на она што го нарекуваме „пристојна работа“ и „пристојни работни услови”

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин присуствуваше на настан со кој свечено се одбележа отпочнувањето со работа на компанијата „Премиум Сејфти Солушн” од Скопје која ќе испорачува услуги од областа на безбедноста и здравјето при работа.

Компанијата „Премиум Сејфти Солушн” е првата компанија на македонскиот пазар, која за потребите на своите клиенти има создадено, креирано свој сопствен софтвер за следење на пропишаните законски нормативи, а стручниот тим на врвни професори од Северна Македонија и Југоисточна Европа, нудат можности клиентот да добие практично, трајно премиум решение за безбедност од сите аспекти.

На настанот, заменик министерот Хусејин информираше дека „Премиум Сејфти Солушн се стекна со лиценца за вршење на стручни работи во областа на безбедност при работа, исполнувајќи ги сите законски пропишани услови во делот на организацијата, персоналот и останатите технички, просторни и други услови, неопходни за вршење на оваа дејност.

 

„Лиценците кои ги поседувате во моментов се однесуваат за изработка на проценка на ризик и изјава за безбедност, како и за подготовка и спроведување на обуки за вработени за безбедно извршување на работата. А тие се всушност и основните елементи или главните појдовни точки кои треба да бидат квалитетно спроведени во секое едно претпријатие и кај секој работодавач, доколку навистина сакаме работата која таму ќе ја извршуваат вработените да биде сигурна и безбедна по нивното здравје и да се одвива во една здрава и заштитена работна средина”, рече заменик министерот за труд и социјална политика.

Хусејин искажа очекување дека компанијата ќе нуди услуги од врвен (премиум) квалитет и дека на тој начин ќе се даде силен придонес кон што поголемо промовирање и правилно сфаќање и третирање на концептот на безбедност и здравје при работа во секоја една компанија и деловен субјект во државава.

На настанот, заменикот Хусејин рече: „Вашата работа и резултатите од неа, ќе бидат успешни само, и само ако, најдиректно и најнепосредно, активно соработувате со работодавачите и нивните претставници, со претставниците на вработените во компаниите и докторите по медицина на трудот. Само на тој начин ќе можете да се осигурате дека услугите кои Вие ќе ги нудите и извршувате, навистина ќе придонесат кон заштитата на здравјето и на безбедноста на вработените во компаниите, и кон градењето на таа посакувана превентивна култура кај сите субјекти во компаниите”.

„Безбедноста и здравјето при работа е несомнено, еден од суштинските елементи за создавањето на она што го нарекуваме „пристојна работа“ и „пристојни работни услови“, потенцираше заменик министерот Хусејин.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте