spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - Зголемување на пензиите, но и на активното стареење како...

МТСП: Тренчевска – Зголемување на пензиите, но и на активното стареење како пакет на грижа кој започнува сега и овде

Како дел од кампањата „Силна и Храбра“ на Министерството за труд и социјална политика, која во фокус ги благосостојбата, менталното здравје и економско зајакнување и благосостојба на жените вчера се оддржа работилница насловена „Активно стареење-лозинка за соочување на менталното и физичкото здравје“, со највозрасните наши граѓанки – пензионерките во Битола.

Работилницата беше организирана во соработка со Сојузот на пензионери-Битола.

Пред почетокот на работилницата присутните пензионерки ги поздравија министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, кои се заблагодарија на денешното присуство и уште еднаш потенцираа дека мерките кои Владата на Северна Македонија ги спроведува се насочени кон унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани. Во оваа прилика, министерката Тренчевска ги информираше пензионерките дека мартовската пензија ќе пристигне со покачување од 8.4%.

Работилницата ја отвори професорката Софија Арнаудова која со интерактивен пристап и вклученост на сите, работеше на тема среќа и што ги прави среќни секоја од нив. Ова беше вистинска можност присутните пензионерки да ги споделат своите лични согледувања и животни искуства.

На тема надеж, што  значи да се има надеж и како со поддршка може да се даде надеж на некого, зборуваше Весна Рох, психолог од Заводот за ментално здравје на деца и младинци -Младост, Здравствен дом Скопје.

На работилницата се разговараше за патот на надежта, нејзиното потекло и нејзиниот пат кон иднината и нејзиното развивање.

Менталното здравје е клучно за благосостојбата и квалитетот на животот на секоја единка, оттука и неопходноста за подигање на свеста за неговото значење.

Активното стареење е клуч за квалитетно ментално и физичко здравје. Тоа го потврдија и присутните пензионерки кои во своите зрели години се сеуште активни и уживаат во тоа што го прават.

„Не е важно колкава е пензијата, туку колку долго ќе ја користам“, напоменаа тие и ја пренесоа пораката до секоја жена пензионерка во државата.

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

ДКСК: Одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата

0
Државната комисија за спречување на корупцијата, денес, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, заедно со партнерите од Проектот на УСАИД...