spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Исаки се обрати на Сегментот на високо ниво на Советот за...

МНР: Исаки се обрати на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права на Обединетите нации

Заменик министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки имаше обраќање на Сегментот на високо ниво на 52та сесија на Советот за човекови права на ОН во Женева.

Констатирајќи дека Високиот сегмент се одржува на годишницата на воената агресија на Руската Федерација во  Украина и неприфатливоста за човештвото да се војува во 21-от век, особено заради фактот дека луѓето, односно човековите права и нивната заштита, промоција и унапредување треба да бидат во центарот на вниманието, заменикот министерка Исаки, во своето излагање го потенцираше значењето на Советот за човеки права и се заложи за засилена соработка и координација во рамки на меѓународната заедница,  што особено се манифестира со кандидатурата на Република Северна Македонија за  членство во СЧП за периодот 2025-2027 година.

,,Промоцијата и заштитата на човековите права, мултилатералната соработка и меѓународниот поредок се и ќе продолжат да бидат основа на надворешната политика на Република Северна Македонија и за време на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година’’,  истакна Исаки. ,,Не можеме да зборуваме за состојбата со човековите права  без притоа да не изразиме сериозна загриженост поради основните човекови права на украинските граѓани поради воената агресија од Русија, што претставува сериозно кршење на меѓународното право, на Повелбата на ОН, на принципите на ОБСЕ и на меѓународното хуманитарно право, но и злоупотребите на човековите права во другите земји ширум светот што се соочуваат со прекршување на човековите права на дневна основа’’, истакна Исаки во своето обраќање.

ЗМНР Исаки,  исто така  учествуваше  на министерскиот настан насловен : ,,Агресија врз УкраинаЧовекови права и хуманитарниот импакт врз Украинa и пошироко, во организација на МНР на Франција, МНР на Костарика и МНР на Украина, на кој Исаки најостро го осуди воениот напад на Русија врз Украина, што претставува директно прекршување на човековите права и неприфатлив преседан. На маргините на сесијата ЗМНР Исаки имаше средба со ЗМНР на Литванија, Мантас Адоменас, на која беа размените мислења за билатералната и мултилатералата соработка, посебно во делот на кандидатурите, приоритетите на нашето претседавње со ОБСЕ како и за претстојната Конференција за ,,Жените во надворешната политика’’, во организација на ЗМНР Исаки.  Во тој контекст, ЗМНР Исаки имаше состанок со претставниците на невладината организација ,,Меѓународни шампиони за родова еднаквост’’, на кои беа разменети мислења како да се унапреди родовата еднаквост и застапеност во сите сфери на општеството.

 

На сесијата на Високиот сегмент која трае од 27 февруари до 6 март, учествуваат шефови на влади и држави и над стотина министри за надворешни работи, со цел да ја реафирмираат важноста на работата на Советот за човеки права и неговите механизми за справување со предизвиците за уживање на човековите права и слободи глобално.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте