spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Со поддршка од ЕУ продолжуваме да ја развиваме и...

МОН: Шаќири – Со поддршка од ЕУ продолжуваме да ја развиваме и промовираме Националната рамка на квалификации

Република Северна Македонија решително чекори кон полноправно членство во Европската Унија. Оттука и исклучителната важност на твининг проектите со кои    градиме институционални капацитети и го усогласуваме нашето законодавство со европското. Посебно сакам да нагласам дека многу ни значи поддршката за зајакнување и операционализација на Националната рамка за квалификации, затоа што наша цел е квалификациите што се стекнуваат во текот на образованието во нашата држава да бидат во склад со стандардите и практиките на ЕУ.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на состанокот на Управниот комитет на твининг проектот за поддршка на имплементацијата на Националната рамка за квалификации, кој од октомври 2021 година го спроведува искусен тим на професионалци од Литванија, Франција и Словенија.

„Ова е вреден мултиресорски проект во кој се вклучени повеќе различни организации, тела и агенции. До сега се реализирани бројни активности и изработени повеќе документи насочени кон подобрување на квалитетот, транспарентноста и управувањето со вештините и квалификациите на сите нивоа на образование и на обуки. Проектот придонесува за усогласување на образованието и обуките со барањата на пазарот на трудот, за поврзување на формалното, неформалното и искуственото учење, како и за поддршка на процесот на валидација на резултатите од учење стекнати преку неформално или искуствено учење“, рече Шаќири.

Сепак, потенцираше тој, сите релевантни чинители поврзани со Националнатата рамка на квалификации забележуваат дека иако овој инструмент е исклучително важен, истиот не е доволно видлив.

„Затоа, многу е значајно изготвувањето на Стратегијата за комуникација што ќе помогне за подигнување на свеста за Националната рамка за квалификации, посебно кај образовните институции, студентите и работодавачите“, рече Шаќири, додавајќи дека Владата и Министерството за образование и наука високо ја ценат континуираната поддршка што ја добиваат од Европската Унија, а конкретната помош насочена кон јакнење на Националната рамка на квалификации е значаен придонес кон поголема вработливост, мобилност и социјална интеграција на нашите граѓани.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте