Со едноминутно молчење во почит на жртвите, Советот на општина Гостивар ја започна седницата на која на предлог на градоначалникот Арбен Таравари, Советот на Гостивар изгласа парична помош во висина од 300.000 денари да се издвојат од буџетот на локалната самоуправа на Гостивар да им помогне на населението на погодените од катастрофалниот земјотрес од 6 февруари во Турција.
Предлогот на градоначалникот Арбен Таравари помина едногласно од советниците.
Инаку, во деновите на земјотресот, општина Гостивар испрати тим пожарникари да им помогне на погодените од земјотресот во Турција.
Извор: Општина Гостивар