Денеска триесетина работници задолжени за јавната хигиена во Општина Карпош спроведоа акција за чистење во урбаната заедница „Владо Тасевски“.
Хигиеничарите го чистеа сметот и поткаструваа гранки од дрвјата на потегот долж плоштадот „Млечен“ кон булеварот „Партизански Одреди“.
Локалната самоуправа ќе продолжи со ваквите акции на нејзина територија како и низ другите урбани заедници.
Извор: Општина Карпош