spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Обезбедени средства за санација и унапредување на колекторскиот систем Охрид –...

МЖСПП: Обезбедени средства за санација и унапредување на колекторскиот систем Охрид – Струга

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и в.д. директорот на Јавното Претпријатие Колекторски Систем – Скопје, Владимир Алексијоски, потпишаа Договор за доделување на средства за санација и унапредување на ефикасноста на колекторскиот систем Охрид – Струга.

За санацијата на Колекторскиот систем, од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2023 година се обезбедени средства во вкупна вредност од 40,4 милиони денари, согласно Програмата за колекторски систем Охрид и Струга за 2023 година. Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за животна средина и просторно планирање во континуитет ја поддржува санацијата на овој колекторски систем заради ревитализација на целиот систем и заштита на водите на Охридското Езеро.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...