spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаГруби: Историски ден, Владата го одобри договорот за Коридорот 8 и 10-Д

Груби: Историски ден, Владата го одобри договорот за Коридорот 8 и 10-Д

Денеска, вторник 7 март 2023 година, на предлог на Комитетот за преговори за изградба на Коридорот 8 и 10Д, со кој раководи првиот потпретседател на Владата г-дин Артан Груби, Владата на Република Северна Македонија го одобри договорот за изградба на Коридорот 8 и 10Д.

Одобрувањето на договорот за изградба на Коридорот 8 и 10Д доаѓа по четиринеделните преговори кои се водеа меѓу консултантот за финансиски трансакции на Владата, ИРД и меѓународниот конзорциум Бехтел Енка.

„Денеска е голем ден во Управниот комитет и во Владата каде го разгледавме Извештајот на нашиот консултант за преговорите со конзорциумот Бехтел  Енка за изградба на Коридорот 8 и 10-Д како и одобрување на содржината и потпишување на договорот”, истакна Груби.

Воедно, Владата пред неколку недели го одобри заклучокот предложен од Комитетот за преговори дека се исполнети сите предуслови за почеток на преговорите и формирање на работни групи меѓу Бехтел Енка и ИРД, преговори кои траеја 28 дена.

Коридорот 8 е долг 68 километри, со автопат со шест ленти, од Тетово до Гостивар, Кичево, преку Струга до Ќафасан, додека Коридорот 10-Д од Прилеп до Битола е долг 40 километри и има  шест ленти, во период од 3 години од почетокот на работите.

Реализацијата на оваа најголема капитална инвестиција во историјата на нашата земја ќе придонесе за економијата, модернизација на патната инфраструктура, што во иднина ќе овозможи дополнителен развој на услугите, подобри услови за развој на бизнисот, но и поквалитетен живот, врски со соседите и меѓународните коридори.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗШВ: Бачовски – Земјоделците навремено ги добиваат заслужените субвенции, обезбедуваме годишна...

0
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше досега најголемата поддршка за тутунопроизводителите, вредна близу 1.5 милијарди денари, кон 14.300...