„Патеки за зелени микро акредитиви:надградба и обновување на вештини на нискоквалификувани возрасни лица за доживотно учење“ – “Green Micro Credentials pathways: Upskill and Reskilling Low Skilled Adults for Lifelog Learning“
За спроведување на проектот „Патеки за зелени микро акредитиви:надградба и обновување на вештини на нискоквалификувани возрасни лица за доживотно учење“ – “Green Micro Credentials pathways: Upskill and Reskilling Low Skilled Adults for Lifelog Learning“, Општина Илинден објавува јавен повик за вклучување на надворешен учесник Истражувач (Resercher). Согласно пропозициите на проектот, потребно е ангажирање на еден надворешен учесник за реализација на активностите од проектот. Според карактерот на проектот, заинтересираните субјекти кои ќе се јават на повикот, треба да ги исполнуваат следниве услови:
Потребни квалификации на надворешен учесник:
- Завршено високо образование,
- Напредно познавање и служење на англиски јазик,
- Најмалку три години работно искуство во областа на развој на методологии и спроведување обуки за подоборување на социјалните вештини за стручно оспособување, со посебен фокус на образование на возрасни и доживотно учење,
- Искуство во спроведување на Европски проекти во областа на образованието(најмалку на еден проект),
- Искуство во изработка и подготовка на истражувања,анализи, извештаи, прирачници, упатства и слично,
- Искуство во управување со ЕУ проекти, особено во делот на евалуација,проценка на ризик и управување со квалитет,(најмалку на еден проект)
- Развиени истражувачки и аналитички вештини.
Активности за кои ќе биде ангажиран надворешниот учесник:
Заради исполнување на ангажманот, учесникот ќе треба да ги спроведе/да биде вклучен, следниве работни задачи:
- Идентификување и анализа на релевантна литература и документи (desk review) за избор на добри практики за учење и развивање вештини за време на стручно оспособување преку зелени микро акредитиви,
- Учество во тимот за организирање и спроведување обука на едукатори за возрасни (подготовка на програма, материјали за предавање, избор и селекција на едукатори, обука (на англиски јазик),
- Консултација со релевантни организации кои имаат искуство со спроведување обука за развој на социјални вештини на нискоквалификувани возрасни лица при нивното стручно оспособување,
- Учество во развој на алатки за микро акредитиви,односно материјали за учење базирани на реалистични ситуации со вежби наменети за различни категории на неквалификувани возрасни (на англиски јазик),
- Учество во миниторирање и развој на методологија за спроведување непосредни обуки за едукатори кои посебно работат со ранливи категории,категории на неквалификувани возрасни лица,
- Учество во спроведување на промотивна работилница / сесија со неквалификувани возрасни лица за примена на подготвените материјали за обука заедно со едукаторите,
- Учество во развој на препораки за едукатори,дисеминација и одржливост на проектните цели,
- Учество во развој на дигитална платформа за учење на неквалификувани возрасни лица.
Период на ангажирање:
Работниот ангажман ќе биде спроведен во рамките на времетраењето на проектот во должина од 24 месеци сметано од Март 2023 година.
Ангажманот ќе биде согласно потребите на проектот а надоместокот изнесува 82 евра бруто износ за секој работен ангажман кои ќе бидат исплатени во денарска противвредност и истиот ќе биде обезебеден од страна на финансиерот на проектот.
Јавниот повик трае три работни дена сметано од денот на објавувањето на веб страницата на Општина Илинден. Заинтересираните субјекти потребните документи Лична Биографија и документи кои можат да бидат подршка на Биографијата) треба да ги праќаат на е-mail: ilinden@ilinden.gov.mk или по пошта, на следната адреса:Општина Илинден,ул „9” бб населба Илинден 1000 Скопје, со назнака за Јавен повик за вклучување надворешен учесник за потребите на проектот „Патеки за зелени микро акредитиви:надградба и обновување на вештини на нискоквалификувани возрасни лица за доживотно учење“ – “Green Micro Credentials pathways: Upskill and Reskilling Low Skilled Adults for Lifelog Learning“, или да ги достават преку Архивата на Општината. За краен рок на доставување на пратените документи се смета доколку документите се пратени по пошта заклучно со последниот ден од важноста на повикот. За изборот на субјектот кој ќе биде вклучен во проектните активности како надворешен учесник, избраниот субјект ќе биде писмено известен. Избраниот субјект, правата и обврските кои следуваат од ангажманот, согласно пропозициите на проектот, дополнително ќе ги уредат со склучување посебен Договор со носителот/спроведувачот на проектот.
Извор: Општина Илинден