Градоначалникот на општина Ѓорче Петров денеска посети неколку локации низ општина Ѓорче Петров при што оствари средби со граѓани.
Како што истакна, самиот нотирал клучни проблеми на чие решавање ќе работи општината во периодот што следува.
-Граѓаните ми ги потенцираа нивните маки со кои се соочуваат, а главно се однесуваат на урбанистички прашања. Им дадов ветување дека ќе направиме максимални напори за минимизирање на отворени и нерешени децениски проблеми и уште еднаш потенцирав дека општина Ѓорче Петров е отворена општина и оти секој граѓанин е добредојден – рече Стојкоски.
Извор: Општина Ѓорче Петров