Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари работна средба со градоначалникот на општина Теарце Нухи Незири.
На средбата се разговарaше за тековниот проект за изградба на канализациона мрежа за населено место Теарце финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање. Исто така стана збор и за можностите и достапноста на различните нови Програми на Министерството.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање