Изработката на Новата Стратегија за сајбер безбедност 2023-2027 заедно со акцискиот план, инклузивноста на процесот и опсежните активности на МИОА за градење капацитети за сајбер безбедност.
Ова беа темите за кои што говореше министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, на вчерашната меѓународната конференција „Сајбер интегритет во јавната администрација“, во организација на IMPETUS, истакнувајќи дека реформата на јавната администрација базирана на дигитализација, останува еден од клучните приоритети на Владата на Република Северна Македонија и на Министерството.
,,Министерството за информатичко општество и администрација континуирано работи заедно со другите институции и презема најразлични активности за зајакнување на капацитетите за сајбер безбедност“, рече министерот Алиу.
Меѓу другото ја посочи изработката на Новата Стратегија за сајбер безбедност 2023-2027, со учество на претставници од MKD-CIRT, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Министерство за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, како дел од работната група
,,На еден транспарентен начин и преку инклузивен процес, сакаме заеднички да изготвиме стратешки документ кој ќе биде навистина квалитетен и применлив во пракса. Затоа, ние ќе продолжиме и понатаму со активностите, се до конечното оформување на Стратегијата која ќе придонесе за градење на здрав сајбер еко систем во Република Северна Македонија“, рече министерот Алиу.
Министерот Алиу се осврна и на активностите на работната група за сајбер безбедност на критичната инфраструктура CICWG, со поддршка на тимот на USAID CIDR-DAI. Таа е составена од претставници и од јавниот и од приватниот сектор со што се постигнуваат решенија што ги засегаат двете страни, со цел да се постигне успех во справувањето со сајбер инцидентите.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација