spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Потпишан Меморандум за соработка со Комисијата за хартии од вредност

ДКСК: Потпишан Меморандум за соработка со Комисијата за хартии од вредност

Со цел промовирање на соработката и размена на искуства и експертиза од областа на спречување на корупција и судир на интереси и јакнење на интегритетот во согласност на законски утврдените надлежности, Државната комисија за спречување на корупцијата и Комисијата за хартии од вредност  потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот го потпишаа претседателката на ДКСК Билјана Ивановска и претседателката на Комисијата за хартии од вредност м-р Нора Алити.

Со меморандумот е предвидено овозможување на взаемна стручна помош и стручна консултација за прашања од интерес на предметната област, размена на искуства, размена на податоци и информации, организирање на заеднички обуки, организирање на работни средби како и други форми на соработка за прашања од заеднички интерес поврзани со законски утврдените надлежности на двете институции.

 

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте