еТвининг мрежата при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, согласно Решение бр. 20-338/2 од 08.03.2023објавува:
Јавен повик за избор на 3 (три) еТвинери, за учество на еТвининг семинар од 18-20 мај 2023 во Братислава, Словачка под наслов : “Иновација во средното образование“
Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднесува барање за објава на повик за избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на еТвининг семинар наменет за средни училишта под наслов : „Иновација во средно образование „кој ќе се одвива од 18-20 мај 2023 во Братислава, Словачка
Трошоци за учество:
Националната агенција се обврзува да ги покрие целосно трошоците за настанот. Самиот учесник (индивидуално) е должен да го обезбеди транспортот до аеродром и назад и да си обезбеди патничко осигурување.
Критериуми за аплицирање:
– Лицето да е регистрираново еТвининг порталот
– Лицето да е работи со ученици од 14-19 години
– Лицето да е вработено во средно училиште( средните стручни училишта ќе имаат предност)
– Лицето да имапознавање на англиски јазики ИКТ алатки;
*Во изборот на учесниците влиајние ќе има: учество на претходни еТвининг семинари, застапеност по региони во Република С. Македонија, постигната работа во еТвининг порталот
Начин на аплицирање:
Кандидатите е потребно да ги достават следните податоци најдоцна до 17.03.2023 год, на е-маил адресата mila.protuger@na.org.mk:
– еТвиниг портфолио или кратка биографија
– Свои податоци: име и презиме, телефонски број, е-маил, име на училиште, адреса на живеење
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на еТвининг семинар од 18-20 мај 2023 во Братислава, Словачка под наслов: “Иновација во средното образование “и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност