spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Јавен повик за избор на 3 еТвинери, за учество на...

НАЕОП: Јавен повик за избор на 3 еТвинери, за учество на еТвининг семинар : “Иновација во средното образование“

еТвининг мрежата при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, согласно Решение бр. 20-338/2 од 08.03.2023објавува:

Јавен повик за избор на 3 (три) еТвинери, за учество на еТвининг семинар од 18-20 мај 2023 во Братислава, Словачка под наслов : Иновација во средното образование

Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднесува барање за објава на повик за избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на еТвининг семинар наменет за средни училишта под наслов : „Иновација во средно образование „кој ќе се одвива од 18-20 мај 2023 во Братислава, Словачка

Трошоци за учество:

Националната агенција се обврзува да ги покрие целосно трошоците за настанот. Самиот учесник (индивидуално) е должен да го обезбеди транспортот до аеродром и назад и да си обезбеди патничко осигурување.

Критериуми за аплицирање:

     –          Лицето да е регистрираново еТвининг порталот

–          Лицето да е работи со ученици од  14-19 години

–          Лицето да е вработено во средно училиште( средните стручни училишта ќе имаат предност)

–          Лицето да имапознавање на англиски јазики ИКТ алатки;

*Во изборот на учесниците влиајние ќе има: учество на претходни еТвининг семинари,  застапеност по региони во Република С. Македонија, постигната работа во еТвининг порталот

Начин на аплицирање:

Кандидатите е потребно да ги достават следните податоци најдоцна до 17.03.2023 год, на  е-маил адресата mila.protuger@na.org.mk:

–          еТвиниг портфолио или кратка биографија

–          Свои податоцииме и презиме, телефонски број, е-маил, име на училиште, адреса на живеење

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на (тројца) еТвинери, за учество на еТвининг семинар од 18-20 мај 2023 во Братислава, Словачка под наслов: Иновација во средното образование “и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

 

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте