spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Спроведување на политики и зацврстување на регионалната соработка во поглед на...

НАЕОП: Спроведување на политики и зацврстување на регионалната соработка во поглед на “Green Balkans” со цел квалитетна имплементација на зелените политики

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организира семинар од транснационален карактер во областа на образование и обука на тема

– Спроведување на политики и зацврстување на регионалната соработка во поглед на “Green Balkans” со цел квалитетна имплементација на зелените политики со фокус на еден од клучните приоритети на програмата Еразмус+ – зелена агенда и одржливост.

Националната агенција во соработка со Националната агенција од Бугарија, објавува јавен повик за учество на 15 учесници на оваа активност за соработка во областа на образование и обука.

Оваа активност има за цел цел да ги запознае учесниците со постоечките еко-иницијативи и проекти како дел од програмата Еразмус+, како и да создаде простор за дискусија на тема зелени работни места и поврзаноста на образованието со пазарот на труд.

Покрај ова, учесниците ќе имаат можност да дознаат повеќе за најдобрите практики на Зелен Еразмус во Северна Македонија и Бугарија.

Учесниците на семинарот ќе работат во групи, ќе спроведуваат активности преку примери и ќе ги презентираат очекуваните резултати.

Очекувани резултатиод семинарот:

Напредна билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија преку заедничка дискусија на тема Зелен Еразмус, размена на знаења за зелените практики и подигнување на свеста за зелените политики и зелените работни позиции

Семинарот ќе понуди можности за вмрежување на учесниците (SCH & VET), можности да најдат партнери и да иницираат нови проекти (проекти за мобилност (KA1), како и проекти за соработка (KA2),

Дополнителни информации:

Запознавањето со различните климатски предизвици со кои се соочуваат земјите, но и креирањето одговор на истите, е одличен почеток за покренување на прашањето за одржливост. Оттука, овој семинар создава простор за запознавање со различните еко-иницијативи и проекти кои постојат и чија цел е да ја унапредат работата на полето на одржливост и здрава животна средина.

Понатаму преку споделување на најдобрите практики во секоја од земјите. имаат за цел да создадат мотивирачка атмосфера за учество и  прилагодување на стекнатите знаења во нивната секојдневна работа.

Целни групи:

Наставници и училишен персонал кои спроведуваат зелени активности и политики, кои имаат искуство во програмата Еразмус+ со цел проширување на квалитетот и обемот на реализација на активностите.

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Семинарот ќе се реализира во периодот од 06 – 08 април 2023 година (06 април е ден на пристигнување, 08 април е ден на заминување) во Скопје.

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

  • Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.

Крајниот рок за поднесување на апликации е 26.03.2023 година.

Форма за аплицирањеhttps://salto-et.net/events/show/MK01_0477_THO_2023

Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на транснационалната активност ќе бидат само избраните учесници.

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 15 учесници на семинарот – Спроведување на политики и зацврстување на регионалната соработка во поглед на “Green Balkans” со цел квалитетна имплементација на зелените политики и при реализација на истиот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

 

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Ја известуваме пошироката јавност дека денес од објава на извесен организатор на SkopYard кој од 21 март без претходно добиена согласност најавувал дека на...