Во градинката „Сонце“ во Волково градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски заедно со дечињата симболично насадив дрвца со што го означија денот на доаѓањето на пролетта.
-Овие настани имаат за цел да ги едуцираат најмладите жители на Ѓорче Петров да ја сакаат и да се грижат за животната средина. Со вакви чекори придонесуваме на долг рок намалување на загадувањето на воздухот, но и хортикултурно разубавување на средината во која живееме, учиме или работиме – рече Стојкоски.
Вакви акции беа споведени во сите градинки во рамки на градинката „Росица“.
Извор: Општина Ѓорче Петров