spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Одбележан Светскиот ден на водата 22 март

Илинден: Одбележан Светскиот ден на водата 22 март

Според календарот на Обединетите нации, денес, 22 март е Светски ден на водата. 2023 година е годината посветена на промените во користењето на водните ресурси и се обележува под мотото: Биди промената која сакаш да ја видиш во светот.

По тој повод градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Илинден” Ивица Трипуновски ги посетија дечињата од детската градинка во н.м Миладиновци и заедно донесоа заклучоци за важноста на водата во човековиот живот.

Водата е основата за постоењето на живот на планетата Земја, а чистата вода за пиење и за одржување на хигиената е неопходна за одржување на животот и здравјето на целиот жив свет.

Треба да работиме заедно за одржливо управување со овој скапоцен ресурс.

Да ја вреднуваме и цениме водата!

Дечињата за овој ден имаа подготвено приредба на тема за водата, а на градоначалникот и директорот им подарија подароци изработени од нивните вредни рачиња.

Прочитајте

Велес: Награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта

0
Општина Велес ги награди најдобрите ученици од основните и средните училишта во градот. За освоено прво, второ и трето место на државни, меѓународни и...