spot_img
spot_img

МТВ: Се модернизира магистралниот пат Битола – Меџитлија

МинистерстваМТВ: Се модернизира магистралниот пат Битола - Меџитлија

Најчитано

Инвестираме преку милијарда евра за да изградиме квалитетни патишта, да ја развиеме економијата, на граѓаните да им овозможиме брз и безбеден сообраќај, а притоа земјата да ја поврземе преку модерни патишта во регионот, како показател дека сме силно фокусирани на европската перспектива, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при работната посета на Битола.

 

Министерот Бочварски заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид во рехабилитација на државниот пат од Битола до граничниот премин Меџитлија.

 

Инвестицијата е со вредност од 202 милиони денари, се рехаблитра пат во должина од 12,5 километри, почнувајќи од граничниот премин Меџитлија.

 

Комплетната рехабилитација се очекува да заврши до крајот на летото оваа година.

 

„Децении наназад ги слушаме барањата на граѓаните и на бизнис секторот од овој регион за подобра инфраструктура. Денеска повеќе не зборуваме за алтернативни правци, говориме за патишта кои ја наметнуваат потребата да бидат модернизирани или пак да се изградат нови заради економски развој на Пелагонија. Овој патен правец од Битола до граничниот премин Меџитлија е токму таков. Инвестираме преку 200 милиони денари за овој патен правец да го издигнеме на ниво на модерен, безбеден и пред се пат кој ќе биде во функција на бизнисот и граѓаните од регионот. Ако земеме во предвид дека ова е пат кој не поврзува со Република Грција како единствена меѓународна патна врска во овој регион, тогаш значењето е уште поголемо бидејки истиот е дел и од европскиот Коридор 10 – д.“ – изјави министерот Бочварски.

 

„Во оваа прилика би сакал да споменам дека во битолскиот регион минатата година беше извршена рехабилитација на повеќе патни правци кои водат до населените места Нижополе, Ротино, Бучин, Житоше, Демир Хисар, а оваа година се предвидени рехабилитации и на патните правци што водат до Лопатица, Могила и Будаково.

Веќе за идната година обезбедуваме средства за изградбата на експресниот пат Битола-Меџитлија со обиколница на Битола за кој веќе имаме одобрен инфраструктурен и ревидиран основен проект при тоа водејќи грижа и за животната средина. Имено, при изработката на проектните документации во годишната програма се предвидени средства и за изработка на физибилити студии и студии за животна средина.“ – истакна директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми.

 

Министерот Бочварски најави дека следниот месец во Пелагонискиот регион започнува најголемиот инфраструктурен проект, изградбата на автопатот Прилеп – Битола, со што инвестициите во овој регион надминуваат над 320 милиони евра.

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000