spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Изготвени нацрт верзии на новите закони за средно, за стручно образование...

МОН: Изготвени нацрт верзии на новите закони за средно, за стручно образование и обука и за образование на возрасните, интегрирани се сите конструктивни забелешки од јавните дискусии

Три нови законски решенија ќе го стимулираат напредокот на средното, стручното образование и обука, како и образованието на возрасните. Нацрт верзиите се изготвени низ повеќе дискусии организирани периодов со засегнатите страни и во нив интегрирани се сите конструктивни забелешки. Два од законите веќе беа објавени и на ЕНЕР системот каде граѓаните дадоа свои сугестии и предлози за да се унапреди содржината пред испраќање во Собранието. Наскоро и Законот за средно образование ќе се објави на владиниот систем.

Новите закони за средно и за стручно образование и обука првенствено треба да обезбедат повеќе права и можности за учениците, наставниците, стручните соработници, бизнис заедницата. Со истите се предвидува унапредување на практичната обука и концептот на дуално образование кој има голема улога во поврзувањето на образовниот систем со пазарот на трудот, а фокусот е ставен и на подигнување на степенот на инклузивност во формалното и неформалното образование.

Новиот Закон за образование на возрасните пак, ќе го зајакне системот за валидација на неформалното учење со што ќе им се овозможи стекнување на квалификации на повозрасните лица со ниско ниво на образование кои имаат минимални или се без квалификации, со што пазарот на труд ќе се отвори и за нив и полесно ќе можат да дојдат до соодветен работен ангажман.

Министерството за образование и наука изразува благодарност до сите учесници во процесот на креирање на законските решенија – јавноста, Државниот испитен центар, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, средните училишта, меѓународните партнери Делегацијата на ЕУ, УНДП, УСАИД, ОБСЕ, Хелветас и стопанските комори и ги охрабрува сите останати во следните денови да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрите верзии.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте