spot_img
spot_img

МОН: Шаќири на координативен состанок со претставници на ЕУ делегацијата во Скопје

МинистерстваМОН: Шаќири на координативен состанок со претставници на ЕУ делегацијата во Скопје

Најчитано

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, одржа координативен состанок со претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, на кој се дискутираше за три важни закони за унапредување на квалитетот на образовниот процес во државата, а кои во моментов се во постапка на дискусија и усвојување.  Станува збор за Законот за средно образование, Законот за стручно образование и обука и Законот за образование на возрасните, кои треба да обезбедат повеќе и подобри образовни можности за средношколците, наставниците, стручните соработници и повозрасните граѓани кои се водат по концептот на доживотно учење.

– Со донесувањето на овие законски решенија, образовниот систем во Република Северна Македонија, ќе го зголеми квалитетот, при што истите ќе овозможат постигнување на националните стандарди во образованието, како и стекнување на соодветни вештини кај учениците од јавните и стручните средни училишта во земјава, како и валидација на неформалното и информалото учење, но и на унапредување на процесот на верификација на посебните програми за образование на возрасните, посочи Шаќири.

Со новиот Закон за средно образование, потенцираше министерот, се очекува развој на клучните компетенции кај младите, неопходни за понатамошното образование, како и развивање на професионални компетенции за успешно вработување и подготвување на ученикот за одговорен живот во слободно, граѓанско и демократско општество.

Со новиот Закон за средно образование пак, за прв пат се воведуваат кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование. Фокусот е ставен на стекнување дигитални вештини, а се дефинираат и квалификации стекнати по завршување на средното образование.

Законот за стручно образование и обука, истакна Шаќири, кој моментално е во сила, беше донесен во 2006 година, а реформата на стручното образование е тесно поврзана со промените на пазарот на трудот.

– Потребите на пазарот на трудот влијаат на обликувањето на моделот на стручно образование и обука, како систем насочен кон создавање човечки ресурси. За да се овозможи стручно образование соодветно на потребите на пазарот на трудот, со предложениот Закон се регулира концептот на дуално образование. Дополнително, ќе се прецизираат одредбите кои се однесуваат на практичното образование, со цел да се зголеми обемот на практичното образование, додаде министерот.

Со оглед на тоа што поминаа повеќе од 15 години од донесувањето на Законот за образование на возрасни, Шаќири потенцираше дека се појави потреба од донесување на ново законско решение.

– Системот за валидација на неформалното и информалното учење ќе овозможи стекнување на квалификации за лица без или со ниско ниво на образование, а преку тоа би се очекувало нивно поголемо вклучување на пазарот на трудот, со крајна цел намалување на стапка на невработеност во земјата, додаде министерот.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000