Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова се сретна со градоначалникот на општина Тетово Билал Касами на која разговараа за тековните и идните планирани проекти во Полошкиот регион и начините на соработка меѓу Општината и Министерството.
Во фокусот на разговорите беа големите инфраструктурни проекти, пред се проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води, колекторски систем и канализациона мрежа за Тетово, што е проектиран во ИПА 2 Програмата. Од страна на МЖСПП, градоначалникот Касами беше информиран за предусловите што општината мора да ги исполни за да започне имплементацијата на проектот.
Се разговараше и за состојбите со управувањето со отпад во Полошкиот регион, за работата на јавното регионално претпријатие ЗЈП „Русино/Полог“ и предизвиците со кои се соочува и претпријатието и општината во однос на регионалното управување со отпад. Градоначалникот Касами ги најави и плановите на општина Тетово во однос на унапредувањето на јавните комунални услуги, пред се примарната селекција со отпад и други проекти поврзани со отпадот.
МЖСПП информирааше за сите механизми со кои може да ја помогне општината во реализација на поставените цели , со посебен осврт на тековните Програми, начините на аплицирање и користење на средтвата од нив.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање