spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Меморандум за соработка со АДКОМ

МЖСПП: Меморандум за соработка со АДКОМ

Во Охрид министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и претседателот на Здружението на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија – АДКОМ, Пеце Милевски потпишаа Меморандум за соработка со кој ja потврдија соработката меѓу двете институции.

Министерството за животна средина и просторно планирање и АДКОМ се долгогодишни партнери со заеднички утврден интерес за остварување на меѓусебна соработка, изразена преку размена на стручни и апликативни мислења и практики од областа на управувањето со водите и отпадот. Потпирајќи се врз правната рамка со која се регулираат надлежностите, МЖСПП и АДКОМ го потпишаа овој Меморандум, продолжувајќи ги заложбите за унапредување на квалитетот, ефикасноста и одржливоста во испорачувањето на јавните комунални услуги во Република Северна Македонија.

Меморандумот за соработка беше потпишан во рамки на дводневниот настан „Денови на комунални услуги“ што се одржуваат вчера и денес во организација на АДКОМ во Охрид со цел поблиско запознавање со работата, успесите, секојдневието, но и проблемите во работењето на Јавните комунални претпријатија.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...