spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јавен повик за доставување барања за одобрување учебник по странски јазик...

МОН: Јавен повик за доставување барања за одобрување учебник по странски јазик на деветгодишно основно образование

Врз основа на член 13 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на Република Македонија“   бр.98/08, 99/09, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18), а согласно Упатството за спроведување на постапката за давање одобрение за употреба на учебник по странски јазик во основно и средно образование бр.08-15422/1 од 21.12.2022 година и Упатството за изменување на Упатството за спроведување на постапката за давање одобрение за употреба на учебник по странски јазик за основно и средно образование бр.08-3531/1 од 23.03.2023 година,  МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – Педагошка служба, објавува

 

Јавен повик

за  доставување барања за одобрување учебник по странски јазик на деветгодишно основно образование

I.Предмет на јавниот повик:

Доставување барања за одобрување учебник по странски јазик на  деветгодишно основно образование, за следните наставни предмети:

1. Англиски јазик  (прв странски јазик) за  I одделение на деветгодишно основно образование,

2. Англиски јазик  (прв странски јазик) за II одделение на деветгодишно основно образование,

3. Англиски јазик  (прв странски јазик) за III одделение на деветгодишно основно образование,

4. Англиски јазик  (прв странски јазик) за IV одделение на деветгодишно основно образование,

5. Англиски јазик (прв странски јазик) за V одделение на деветгодишно основно образование,

6. Англиски јазик (прв странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,

7. Француски јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,

8. Германски јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,

9. Руски јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,

10. Италијански јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,

11. Англиски јазик (прв странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,

12. Англиски јазик (прв странски јазик) за IХ одделение на деветгодишно основно образование,

Барање за одобрување  учебник по странски јазик може да поднесе домашен издавач како и издавач од друга држава во која е регистриран за издавачка дејност, преку законски застапници во Република Северна Македонија.

 

II. Елементи на јавниот повик:

Кон барањето за одобрување учебник по странски јазик доставено по објавениот јавен повик, задолжително се приложува:

1. Потврда за регистрирана издавачка дејност од Централен регистар на Република Северна Македонија, не постар од три месеци за домашниот издавач/законскиот застапник во Република Северна Македонија;

2. Потврда за регистрирана издавачка дејност за странскиот издавач од овластен орган во државата во која е ристиран не постар од три месеци, во оригинал или заверена копија на нотар со превод од овластен судски преведувач;

3. Овластување од странскиот издавач за законскиот застапник во Република Северна Македонија во оригинал или заверена копија на нотар со превод од овластен судски преведувач;

4. Доказ дека домашниот издавач/законскиот застапник во Република Северна Македонија има остварено годишен приход од најмалку 20.000.000,00 денари за секоја година поединечно во последните три години кој се однесува за барањето за одобрување учебник по англиски јазик, односно годишен приход од најмалку  6.000.000,00 денари за секоја година поединечно во последните три години, за барањето за одобрување учебник по француски, германски, руски и италијански јазик во основното и средното образование.

5. Валидни сертификати издадени од акредитирано сертификационо тело на име на домашниот издавач/законскиот застапник во Република Северна Македонија и тоа:

– ISO 9001:2015

– ISO/IEC 27001:2013

– ISO 22301:2019;

6. Договор или изјава од домашниот издавач/законскиот застапник во Република Северна Македонија, како доказ дека одобрениот учебник ќе го дистрибуира во наредните пет учебни години и

7. Пет примероци од учебникот по странски јазик, во печатена форма (во колор) без дополнителни работни материјали.

Секој  заинтересиран издавач има право да поднесе барање за одобрување на еден учебник по странски јазик за секое соодветно одделение/година, издаден од странскиот издавач или домашниот издавач кој го застапува во Република Северна Македонија, и/или да поднесе барање за одобрување на еден учебник по странски јазик за секое соодветно одделение/година во сопствено издание.

Секој домашен издавач може да се јави како законски застапник во Република Северна Македонија на повеќе издавачи од други држави во кои се регистрирани за издавачка дејност.

Домашниот издавач кој е законски застапник во Република Северна Македонија на повеќе издавачи од други држави во кои се регистрирани за издавачка дејност, има право да достави повеќе поединечни барања за одобрување за секое соодветно одделение/година, од секој издавач што го застапува поодделно  и/или во сопствено издание, со по едно издание на учебникот за соодветното одделение/година за секој издавач.

 

III. Рок за  доставување на барањата  за одобрување учебник по странски јазик:

Рокот за доставување на барања за одобрување учебници по странски јазици  е заклучно со  28.04.2023 година.

Заинтересираните издавачи може да ги превземат наставните програми и Концепцијата за изработка на учебникот од веб страната на Бирото за развој на образованието www.bro.gov.mk

Ненавремено доставените барања нема да бидат разгледувани.

Барањaта за одобрување учебник по странски јазик да се достават на следната адреса:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – ПЕДАГОШКА СЛУЖБА

ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54, Скопје.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте