spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Се воведува систем за кариерно следење на матурантите од средните стручни...

МОН: Се воведува систем за кариерно следење на матурантите од средните стручни училишта по дипломирањето

Во насока на подигнување на степенот на вработливост кај младите, Министерството за образование и наука започнува процес на воспоставување на систем за следење на кариерите на матурантите по дипломирањето во средните стручни училишта, како активност дефинирана во Стратегијата за образование 2018-2025 година.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната средба со претставници на средните стручни училишта во државата, на која беше презентиран системот за кариерно следење на матурантите, што ќе се воведе со поддршка од фондовите на ЕУ, кои како што рече, го поддржуваат реформирањето на нашиот национален образовен систем.

„Системот е веќе креиран и поставен на посебен портал anketi.mon.gov.mk. Ќе функционира со прибирање на податоци директно од учениците откако ќе дипломираат, како и од работодавачите. Секој ученик од завршната година на образованието ќе може да пристапи едноставно со најава, да наведе воведни податоци за себе и своето средно стручно образование, и потоа треба да пополни три прашалници. Еден на почеток по регистрирањето и два во рок од 6 месеци. Компаниите пак, исто така можат да се регистрираат и да пополнат прашалник во врска со нивните потреби и очекувања за вештини кои треба учениците да ги поседуваат“, информираше Шаќири.

Тој додаде дека оваа постапка на дипломираните ученици и на компаниите ќе им одземе малку време, а прибраните податоци ќе бидат од големо значење за министерството, затоа што ќе претставуваат база за креирање на идни политики, но и од значење за училиштата, за тоа како и каде напредуваат нивните ученици што исто така може да иницира промени во интерните политики.

 

„Она што во моментов најмногу ни е потребно, е поддршката од вас, од средните стручни училишта во делот на промоцијата на оваа алатка, да ги запознаете матурантите што поскоро со системот за следење на нивните кариери, пренесувајќи им ја клучната порака дека заложбата е за обезбедување на подобра иднина за нив, токму тука во сопствената земја“, рече министерот, додавајќи дека очекува училиштата да  постапат согласно насоките кои ќе ги добијат и дека кај учениците ќе се развие интерес за учество во целиот процес.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте