spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: ООУ “Св. Климент Охридски” од село Драчево e избрано во...

Кисела Вода: ООУ “Св. Климент Охридски” од село Драчево e избрано во четирите најдобри од 56 европски училишта

ООУ “Св. Климент Охридски Драчево” e избрано во четирите најдобри училишта од 56 европски училишта. За проектот „Македонска традиција“, наставничката Тања Петков и нејзините ученици од II1 одделение дојдоа до наградата за најдобри „Европски млади креатори на наследство“, во конкуренција на шест земји од Европа.

Проектот ја прикажува изработката на кукли од дрвена лажица, метла и слама со користење на разни ткаенини, парчиња платно и волница и процесот пред и по нивното настанување, со цел да се прикажат македонските девојчиња и момчиња во минатото.

– Во близина на нашето училиште функционира Дом на културата „Драчево“, во кој членува играорната група на културно-уметничкото друштво „Китка“, кое постои од 1968 година. На наше барање, го посетивме делот каде што ја чуваат облеката за настапите – народната носија. Учениците се запознаа со деловите од облеката, шарите, боите, везовите, обувките… Следната активност на учениците беше на мали листови да изработат печатење со четка и темперни бои. На црвен хамер ги залепивме сите изработки, засекувајќи ги во вид на реси и изработувајќи го македонскиот вез. Потоа изработивме кукли од дрвена лажица, метла и од слама, користејќи разни ткаенини, парчиња платно, волница за да ги прикажеме македонските девојче и момче од минатото – објаснува наставничката и додава дека претходно изработиле и народен вез, а во соработка со родителите, организирале и трпеза со традиционални јадења подготвени од нив и од наставниците.

Горди сме што останатите европски народи ќе слушнат за македонскиот народ, за нашата вековна традиција, за училиште кое следната година ќе одбележи сто години од своето постоење и за едно успешно одделение – потенцира наставничката Тања Петков.

Негувањето на македонската традиција е голем дел од фукционирањето на ООУ “Св. Климент Охридски Драчево”. Во него функционира Музеј на стари работи, основан во соработка со Општина Кисела Вода. Станува збор за етнолошка поставка „Овековечувач на културното наследство“. Локалното население носело стари работи кои ги имало дома, а кои биле изложени во овој музеј. За таа цел, е зработен и леток во кој е наведено од која фамилија е предметот и колку години е стар. Дел од предметите и денес стојат во училиштето, а дел се повлечени од сопствениците.

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...