spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Над 100 нови паркинг места и нови улици во 11...

Кисела Вода: Над 100 нови паркинг места и нови улици во 11 Октомври згради

Финализираат градежните активности кои во изминатиов период се одвиваа во урбаниот дел на Кисела Вода.

 

Жителите на населбата 11 Октомври згради, добија преку 100 нови паркинг места со изградбата на нови и реконструкција на постоечките паркинг места.

Едновремено, Општина Кисела Вода работеше и на реконструкција на улиците, а ги реконструираше и пристапните рампи до влезовите и изгради пешачки патеки.

Продолжуваме со силно темпо, решаваме децениски проблеми и работиме на места каде што никој во минатото не интервенирал, бидејќи Кисела Вода мора да биде модерна и напредна општина, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски кој денес изврши увид во завршните градежни активности во урбаната зедница 11 Октомври згради.

-Се комплетираат градежните зафати кои во изминатиов период се одвиваа во урбаниот дел на Кисела Вода. Изградивме нови паркинзи кои се од исклучителна важност за жителите кои живеат во овој дел од општината, но ги реконструиравме и постоечките. Работевме и на реконструкција на улиците. Речиси за првпат после земјотресот, краците на ,,Ѓорѓи Сугаре” добија нов асфалт, како и крак на ,,Михаил Чаков”, а ги реконструиравме и дел од сервисните улички. Во овој зафат, не изостана ниту грижата за уредувањето на урбаниот лик и затоа ги реконструиравме и пристапните рампи до влезовите и изградивме пешачки патеки. Паралелно работиме и на други позиции со цел рамномерно развивање на Кисела Вода и унапредувањето на условите за живеење на мојот народ, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте