spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алиу дел од меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните”

МИОА: Министерот Алиу дел од меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните”

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу се обрати на меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните”, во организација на Фондацијата „Метаморфозис“ и мрежата ИЦЕДА (Increasing Civic Engagement in the Digital Agenda).

Министерот се осврна на дигиталната трансформација насочена кон потребите на сите граѓани, при што истакна дека основен предуслов за  да се биде во чекор со брзиот развој на информациско-комуникациските технологии, е дигиталната трансформација на целокупното општество.

,,Дигиталната писменост е многу важна за вработените во јавниот сектор, но исто така и за општеството и за граѓаните. Во насока на дигиталната трансформација, Министерството за информатичко општество и администрација подготвува две стратегии, во согласност со европските стратешки насоки и добри практики: Националната ИКТ стратегија 2023-2030 и Националната стратегија за сајбер безбедност 2023-2027“, истакна министерот Алиу.

Основните столбови на Националната ИКТ стратегија се дефинирани имајќи го во предвид Дигиталниот компас на Европската Унија, а главни приоритети, ќе бидат:  Дигитална поврзливост и ИКТ инфраструктура,  Дигитални вештини, Дигитална влада, Дигитализација на бизниси, ИКТ овозможувачи и дигитални иновации.

Во Нацрт ИКТ Стратегијата како и Нацрт Стратегијата за реформа на јавната администрација, се предвидува проект со кој секој граѓанин бесплатно ќе може да направи идентификација преку нова мобилна апликација На тој начин, рече министерот, ги доближуваме придобивките од технолошкиот развој до граѓаните. Во однос на Стратегијата за сајбер безбедност, истакна дека намената е биде водич во областа за секое физичко и правно лице, коешто има интерес и се чуствува како засегната страна во сајбер просторот. Министерот исто така во говорот го посочи и системот за Централен регистар на население, кој секојдневно и без човечка интервенција ги ажурира податоците за сите граѓани врз основа на животните настани (како промена на адреса на живеење, промена на презиме и сл).

,,Напредната дигитална поврзаност, унапредените дигитални вештини, подобрените национални капацитети за сајбер безбедност, сигурна и отпорна критична инфраструктура и сигурните и отпорни национални ИКТ системи, неминовно водат кон ново ниво на дигитална писменост и нови начини на дигитално работење, што овозможува граѓаните да ги препознаат  предностите и придобивките од дигитализацијата и да ги искористат новите можности што им се нудат“, рече министерот Алиу.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...