Во фокусот на работната средба меѓу министерот Азир Алиу и шефот на мисијата на ОБСЕ, Н.Е. Амбасадорот Килијан Вал, беа активностите на Министерството за информатичко општество и администрација, поврзани со реформските процеси.
Министерот Алиу го запозна амбасадорот Вал, со процесите поврзани со реформите на јавната администрација со акцент на дигитализација, активностите во однос на медиумската сфера, реорганизацијата, како и соодветните законски решенија.
Истовремено се заблагодари што преку еден долгогодишен партнерски однос, Мисијата на ОБСЕ во Скопје овозможува помош и поддршка за реализација на проектите и позитивните процеси.
Воедно, министерот ја повтори силната заложба за професионална и ефикасна јавна администрација, како вистински сервис за граѓаните и во таа насока исполнување на европските стандарди.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација