spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Заедничка имплементацијата на мастер планот за перинатална нега

МЗ: Заедничка имплементацијата на мастер планот за перинатална нега

На завчерашната средба на министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, со шефицата на канцеларија за Фондот на население на Обединетите нации-УНФПА, Афродита Шаља се разви дискусија во поглед на продлабочување на тековната соработка.

Во фокусот на оваа средба беше соработката на повеќе полиња, како што се: мајчино здравје, планирање на семејство, рак на грлото на матката и Програмата за скрининг за рак на грлото на матката.

УНФПА ја поддржува имплементацијата на мастер планот за перинатална нега, со фокус на градење на капацитетите на гинеколозите и акушерите/ките во ефективната перинатална нега. Првичните достигнувања на полето на здравствените резултати на мајките и новороденчињата постигнати пред пандемијата со Ковид-19 беа резултат на заеднички напори и инвестиции, а соработка продолжува, како на ниво на политики и на ниво на испорака на услуги.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...