spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Објавен Конкурсот за запишување во средно образование за 2023/24 година

МОН: Објавен Конкурсот за запишување во средно образование за 2023/24 година

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за упис на ученици во јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни, на 20  и 21 јуни и второ пријавување на 27 и 28 јуни 2023 година, преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со најава на средношколците преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Во училиштата каде што ќе се пријават поголем број ученици од планираниот број, кои ги исполнуваат предвидените услови, ќе се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети:

– за гимназиско образование – мајчин јазик и математика;

– за здравствена струка – биологија и хемија,

– за другите струки – мајчин јазик и математика.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири ги охрабрува сите ученици да го направат вистинскиот избор на средно училиште каде ќе го продолжат образовниот процес, апелирајќи да се осврнат на стручното образование како можност да се стекнат со вештини и знаења кои пазарот на труд ги препознава и вреднува, но и да стекнат добра основа за понатамошната високообразовна надградба.

“Почитувани ученици, време е да направите избор за Вашето понатамошно образование. Ви посакувам успешно да го одберете средното училиште што најмногу го посакувате, бидете успешни ученици и продолжете смело да чекорите по патот на знаењето. Вие сте иднината на оваа земја”, вели министерот Шаќири.

Во учебната 2023/24 година се обезбедени 29.798 слободни места во 937 паралелки, од кои 279 паралелки се предвидени за гимназиското образование и  658 паралелки во средните стручни училишта. За настава на македонски јазик, со Конкурсот се предвидени 20608 слободни места, за настава на албански јазик 8301 и 889 места за настава на турски јазик. Во учебната 2023/24 година во соработка со општините и компаниите во земјава се обезбедени 6475 слободни места во 259 паралелки во дуалното стручно образование.

Условите и потребните документи за запишување на учениците во средно училиште се достапни на следниот линк.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...