spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Олимписка обука за спортски менаџмент и спортска администрација во соработка со...

Бутел: Олимписка обука за спортски менаџмент и спортска администрација во соработка со МОК

Општина Бутел е најспортска општина во Република Македонија!

Денес, заедно со Олимпискиот комитет на Република Македонија организиравме обука за спортски менаџмент и спортска администрација.

Предавачи на денешната обука беа претседателот на МОК Даниел Димевски и секретарот на МОК Сашо Поповски. На обуката присуствуваа сите спортски работници од општината, наставниците по физичка култура, спортските тренери и спортските стипендисти на Општина Бутел. Учесниците на обуката ќе се стекнат со сертификати.

Вложувањето во спортот, спортската инфраструктура и спортистите вродува со плод. Нашите спортисти се меѓу најдобрите во Република Македонија во сите спортови.

Наскоро ќе биде објавен и јавен повик за поддршка на спортските клубовите од нашата општина.

Општина Бутел е најспортската општина во Република Македонија!

 

 

 

 

Извор: Општина Бутел 

Прочитајте