spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Започнуваме со реконструкција на локални улици во струшко Мороишта и во...

МТВ: Започнуваме со реконструкција на локални улици во струшко Мороишта и во Вевчани

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вчера престојуваше во работна посета на општините Струга и Вевчани каде започнаа да се реконструираат локални улици во неколку населени места во овие општини.

 

При посетата тој ја потенцираше важноста на проектот за реконструкција на локалните улици, проект што се реализира преку Министерството за транспорт и врски со вкупна вредност од 70 милиони евра.

Во општина Струга започна реконструкцијата на локален пат во населено место Моришта, со вкупна инвестицијата во вредност од 43  милиони денари.
Во исто време и во општина Вевчани започна реконструкција на два крака од улица од Здравствен дом до Шопев Мост, инвестиција од 11 милиони денари.

„Наша обврска како централана власт е да помагаме на општините, а со тоа директно да им помагаме и на граѓаните за подобрување на условите за живот. Еве денеска сум присутен во Вевечани и во струшкото село Мороишта каде на барање на жителите започнуваме еден значаен проект за реконстуркција на локалните улици преку кој ќе го подобриме квалитетот за живот и безбедноста во сообраќајот. Ова е многу важен проект за сите општини, а ние како Министерство ќе продолжиме со силната поддршка која носи бенефит за сите граѓани и за сите општини низ државата.“

Преку проектот за локални патишта, опфтаени се преку 140 улици во околу 65 општини со инвестиција од околу 26 милиони евра.

При посетата на охридскиот регион, министерот заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми направија обиколка на автопатската делница Кичево – Охрид, каде заедно со изведувачите и надзорите извршија увид над градежните активности на делови од трасата.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...