spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Герасимовски - Нашата визија во Центар е да имаме модерна и...

Центар: Герасимовски – Нашата визија во Центар е да имаме модерна и европска младина

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржа работен состанок со  пратенички и пратеници од Клубот на млади пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Целта на нивната посета на Општината, која ја организира Фондацијата за демократија Вестминстер (ВФД) во соработка со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), е да ги поврзе младите пратеници со процесите во локалните самоуправи и младите на локално ниво.

Главна тема беше имплементацијата на Законот за младински политики во работата на локалната самоуправа и зголемувањето на партиципативната улога на младиот човек во подготвувањето и донесувањето одлуки во општината.

„Инвестирањето во младите е предуслов за запирање на економската емиграција, а од довербата на младите во институциите зависи иднината на земјава. Во согласност со стратегијата за млади, нашата визија е да имаме модерна и европска младина што активно е вклучена во остварувањето на своите права и интереси и која со сопствен интегритет е ангажирана во повеќе активности во однос на општествените цели заедно со возрасните“, рече градоначалникот Герасимовски. Тој истакна дека Општината, преку младинскиот службеник Јулија Геровска, во континуитет реализира проекти за зајакнување на капацитетите на младинското здружување на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во креирањето на стратегијата на локалната самоуправа.

Пратеничката Моника Зајкова ја потенцираше итноста од спроведување на Законот за младински политики и улогата на Клубот на млади пратеници што во наредниот период, независно од статусот на неформална група, ќе вршат надзор врз имплементацијата на законот и ќе се залагаат за решавање на младинските прашања на локално ниво.

Бојан Кордалов, комуниколог и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација при ИДУЕП, зборуваше за подигнувањето на јавната свест, за неопходноста од транспарентност на јавните институции и дигитализација на јавните услуги како неминовен процес што на долг рок ќе им овозможи на граѓаните да ја вратат довербата во органите на управата.

Општина Центар целосно ги препознава важноста и улогата на младите во развојот на демократските процеси во Oпштината и воопшто, во развојот и подобрувањето на животот во заедницата.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...