spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Атлетски крос во Општина Центар - Меѓународниот ден на спортот

Центар: Атлетски крос во Општина Центар – Меѓународниот ден на спортот

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот за развој и мир – 6 април, Општина Центар организираше Атлетски крос – Центар 2023 за учениците од основните училишта.

Настанот се реализираше на Кејот на Вардар, а учесниците се натпреваруваа во неколку категории и делници, според возраст и пол. Учествуваа ученици од шесто до деветто одделение од сите основни училишта во Центар.

Учениците што постигнаа најдобри резултати на Атлетскиот крос – Центар беа наградени со медали и дипломи, а сите учесници добија маички со лого на Општината и училиштето.

Општина Центар постојано вложува буџетски средства во проекти што имаат цел да ги промовираат спортско-рекреативните содржини наменети за учениците, децата, младите, како и за жителите на Општината. Традиционално се организираат Училишните спортски (лиги) Центар, се доделуваат спортски стипендии за талентирани спортисти и финансиски се поддржуваат спортски клубови, спортисти-поединци, спортски институции, здруженија и други организации.

Листа на наградени ученици на Атлетскиот крос – Центар 2023 се:

Девојчиња од 6 и 7 одделение на 300 метри
од 6 и 7 одделение на ПРВО МЕСТО Алексија Иванов  од ООУ ,,Киро Глигоров”
ВТОРО МЕСТО  Марта Димковска од ООУ ,,Димитар Миладинов”
ТРЕТО МЕСТО Теодора Ристовска од ООУ ,,Киро Глигоров”

Момчиња од 6  и 7 одделение на 400 метри
ПРВО МЕСТО Марин Поповски ООУ ,,Димитар Миладинов”
ВТОРО МЕСТО Филип Јовановски ООУ ,,Ј.Х. Песталоци”
ТРЕТО МЕСТО Георг Јошев ООУ ,,Димитар Миладинов

Девојчиња од 8 и 9 одделение на 500 метри
ПРВО МЕСТО Моника Макаровска ООУ ,,Димитар Миладинов”
ВТОРО МЕСТО Тамара Атанасовска ООУ ,,Киро Глигоров”
ТРОТО МЕСТО  Катја Додевска ООУ ,,Димитар Миладинов”.

 

Момчиња од 8 и 9 одделение на 600 метри
ПРВО МЕСТО Сергеј Малјановски ООУ ,,Димитар Миладинов”
ВТОРО МЕСТО Даријан Јовановски ООУ ,,Кочо Рацин”
ТРЕТО МЕСТО Стефан Илиев ООУ ,, 11 Октомври”.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

Ѓорче Петров: Голема акција за пошумување на Кучково

0
Реализираме нова голема акција за зазеленување на с.Кучково! Заедно со 130 вработени од компанијата „Џонсон Мети“ денеска во околина на локацијата „Крст“ засадивме 2.000...