spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Герасимовски - Целосно е реконструирано детското игралиште близу Зелениот пазар

Центар: Герасимовски – Целосно е реконструирано детското игралиште близу Зелениот пазар

Општина Центар започна со целосно реконструирање на детските игралишта во општината. Целосно е реконструирано детското игралиште во Градски ѕид блок 2 во близина на Зелениот пазар. Игралиштето доби нови реквизити и реконструирани кровни и подни површини додека просторот каде се изведуваат реконструктивните работи е изведен согласно европските стандарди за квалитет, безбедност и одржливост.

„Изградба на модерни и функционални детски игралишта и креирање нови рекреативни зони се еден од приоритетите за најмладите жители во Општина Центар. До крајот на 2023 година планирана е целосна реконструкција на детското и спортското игралиште во Капиштец, како и реконструкција на детското игралиште во Градски ѕид блок 3“, изјави Герасимовски.

 

 

Општина Центар за реконструкција и санација на детски и спортски игралишта издвојува околу 4.400 милиони денари. Преку вложување во детската игра придонесуваме за правилен психо-физички развој и среќни деца.

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...